Швеѓаните ја прокоцкаа шансата во последниот напад: А.Е.К. е прв финалист на турнирот „Струга 2019“

Последниот натпревар од вториот ден на ракометниот турнир „Струга 2019“ им припадна на грчките ракометари, А.Е.К. Атина го совлада претставникот од Шведска Гуиф Ескилстуна со 31-30 и се пласираше во финалето на 47. издание на најстариот македонски ракометен турнир.

На самиот почеток А.Е.К. постигна два погодоци и ја презема контролата над резултатот, но на средина на првиот дел Швеѓаните го свртеа натпреварот во своја корист и дојдоа до предност од 8-6. Сепак ракометарите на Рогановиќ не го искористија моментумот и наместо да фатат свој ритам им дозволија на Грците да останат во игра. На семафорот резултатот беше изедначен до 25. минута (13-13) кога А.Е.К. повторно обезбеди два гола предност, а до крајот на полувремето ја зголеми на „плус пет“ или 14-19.

По паузата  Швеѓаните започнаа помотивирано, а разликата до 40. минута се истопи на минимален гол (22-23). Гуиф на средина на вториот дел го изедначи резултатот, но контролата над играта беше во рацете на атињани. Тие ја задржаа минималната предноста до самиот крај на натпреварот и славеа со резултат 30-31.

Листата на стрелци кај А.Е.К. ја предводеше одличниот Ларс Јакобсен со 8 погодоци, расположениот пивотмен Игнацио Плаза Хименез постигна 7. Кај Швеѓаните најрасположен за игра беше Ерик Јохансон со 8 погодоци.