Шамбери го задржа својот најдобар играч

Црногорскиот репрезентативец воедно и втор најдобар стрелец во најсилната лига на Франција, Фахрудин Мелиќ ќе остане член на Шамбери уште минимум две години.

Мелиќ пристигна во Шамбери во 2016 година и веќe во претходните две сезони се наметна како еден од најдобрите стрелци во лигата. Пред Шамбери овој деснокрилен играч настапуваше и за ПСЖ, но и во Горење и Босна Сараево.

Своето име го изгради токму во Горење каде во првата сезона во Купот на ЕХФ постигна 34 погодоци, а во следната сезона постигна 59 голови во Лигата на шампионите.