Чупиќ за 24 Ракомет ТВ: Пик Сегед има добра публика, но никаде нема како во Скопје (ВИДЕО)

Ракометарот кој добро знае како е да се победува на важните средби и кој има титули во Лигата на шампионите, Иван Чупиќ е внимателен пред утрешниот натпревар. Не сака да има никакво опуштање и вели дека мора да се одработи на високо ниво во текот на сите 60 минути за да се дојде до добар резултат.

Воедно тој смета дека противникот има добра публика, но и дека никаде нема публика како што има публика во Скопје.

„Ова е град кој го сака ракометот и сигурно се очекува притисок и добра атмосфера. Сепак, никаде не е атмосферата добра како што е во Скопје. Сезонава се навикнавме да играме против сите. Игравме добро и против Веспрем и против Монпелје и со другите. Ние мораме да ја завршиме нашата работа, да одиграме добра одбрана, да бидеме агресивни и да ја сакаме победата. Само така можеме до Келн“, изјави Чупиќ за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.