Чупиќ за 24 Ракомет ТВ: Местото на Вардар е меѓу најдобрите четири во светот (ВИДЕО)

Ракометарот кој уште еднаш ќе оди со Вардар на завршниот турнир и ќе врзе веќе пет Ф4 натпреварувања откако имаше две учества со Келце, а потоа и уште две со Вардар. Одлично знае како е да се биде таму, па затоа и неговиот коментар беше интересен.

„Знаевме дека ништо не е готово и дека сè може да се сврти во пет минути. Ние покажавме голем карактер. Кога ќе се собере сè од прв момент до крај овој Вардар го заслужи местото да биде меѓу најдобрите четири екипи во светот“, изјави Чупиќ за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.