Четири ракометари останаа верни на Вардар

Шампионот на Македонија и учесник на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите во последните две години, Вардар задржува четворица од играчите кои го носеа дресот во минатите години. Ова значи дека оние чии договори истекуваа одлучија да ја продолжат верноста и ќе бидат дел од клубот и во иднина.

300x250

Капитенот Стојанче Стоилов е првиот кој ја продолжи соработката со „црвено-црниот“ табор и ќе биде дел од Вардар до летото во 2020 година. Договор со иста должина потпиша и Данил Шишкарев што значи дека двајца од искусните ракометари ќе бидат и понатаму во шампионскиот табор.

Меѓу оние кои остануваат верни на клубот се и двајца од помладите ракометари. Мартин Поповски и Даниел Ѓорѓески кои потпишаа договори на една година.