Червар: Најдовме решение за македонската одбрана

Македонија го доживеа првиот пораз на Мундијалот во Германија и Данска, откако беше совладана со 31-22 од селекцијата на Хрватска. Селекторот на „каубоите“, Лино Червар е задоволен од високиот триумф, но вели дека СП допрва почнува.

„Моите момци денеска играа многу добро. Во напад имавме само неколку грешки и имавме многу решенија за нивната одбрана. Нашата одбрана играше 6-0 и 5-1, и двата системи функционираа многу добро. Моите играчи имаа многу добри моменти, со што стигнавме до неколку лесни голови од контри. Не чека уште еден тежок меч против Шпанија, но ова е само почеток, ќе биде долго СП“, вели Червар.

Следен предизвик за Хрватска ќе биде средбата со Бахреин, а Македонија ќе игра со Шпанија.