Циндриќ повторно во „црвено-црното“ семејство (ФОТО)

Иако Лука Циндриќ минатото лето си замина од Вардар, „црвено-црниот“ тим, Скопје и Македонија му останаа во добри сеќавања.

Тој сега е член на полскиот шампион Келце, а сега за првпат ќе се сретне со поранешниот тим, со кој се искачи и на европскиот врв.

Хрватот ги пречека дел од некогашните соиграчи – Дибиров, Шишкарев и Стоилов, со кои се потсетија на старите добри времиња.