Циндриќ не остана рамнодушен: Им се заблагодари на Вардар и „Комити“ за пречекот во Скопје (ФОТО)

Хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ, кој помина три сезони во Вардар и стигна до титулата во Лигата на шампионите, минатиот викенд со новиот тим Келце, гостуваше во Скопје во натпревар од 10 коло во елитното натпреварување.

Тој при преттавувањето доби силни овации од навивачите на Вардар, на кои очигледно не можеше да остане рамнодушен, па на социјалните мрежи го сподели задоволството и се заблагодари за одличниот пречек.

„Вардар, Комити, Скопје, Македонија – ви благодарам за сè“, напиша Циндриќ.

Циндриќ беше стрелец на клучниот гол за пласман во финалето против Барселона во полуфиналниот меч на Ф4 во Келн во сезоната кога Вардар стана европски шампион.