Циндриќ: Имам полно емоции, пред оваа публика секогаш е прекрасно да се игра (ВИДЕО)

Лука Циндриќ беше еден од најзаслужните за вчерашниот триумф на Вардар и пласманот во финалето на СЕХА Ф4 турнирот. Хрватот кој уште еднаш ја покажа својата класа, ги игра последните натпревари во “црвено-црниот” дрес па со посебни емоции влегува на секој дуел. Против своите сонародници во финалето смета дека нема да биде лесно, потенцира дека тимскиот дух е најсилната страна на Загреб, но се надева дека заедно со своите колеги ќе ги испочитуваат сите тактички замисли на својот тренер и ќе стигнат до нова титула.
Целосната изјава на Лука Циндриќ проследете ја на видеото подоле.

300x250