Циндриќ за 24 Ракомет ТВ: Барселона го игра најдобриот ракомет, но тоа овде не значи ништо (ВИДЕО)

Лука Циндриќ трета година по ред е на Ф4 турнирот во Келн, но годинава со нов тим. Тој дојде со Келце, но нема да има ново финале за него и исто како лани ќе мора во битката за 3. позиција.

Второто полуфинале за него ќе биде интересно бидејќи Барселона е неговиот следен клуб, додека Вардар е тимот каде што ги доживеа ѕвездените моменти. На прашањето дали ќе биде страствен навивач во второто полуфинале или ќе го погледне како неутрален љубител на ракометот имаше само насмевка и коментар за она што го очекува од натпреварот.

„Драго ми е што Вардар е повторно тука. Не знам кој можеше да очекува повторно Вардар да биде овде, но момците одработија добра сезона и заслужија. Сепак, Барселона е тимот кој игра најдобро годинава и тим кој покажа одличен ракомет. Меѓутоа сето тоа нема никакво значење денеска“, изјави Циндриќ за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.