Цепелинот на Карачиќ и Криштопанс во ТОП 5 голови на колото (ВИДЕО)

Вардар славеше кај Рајн Некар и сега е во најдобра позиција за освојување на второто место во групата А, иако се закануваат Веспрем и Келце.

Покрај изборот на најдобрите седум ракометари, во кој се најде Тимур Дибиров, уште еден играч на Вардар е на листата на индивидуалните признанија. Голот на Даинис Криштопанс е избран во ТОП 5 на колото.

Вискиот Криштопанс постигна гол од цепелин по додавањето на Игор Карачиќ покажувајќи дека може да се снајде во секоја ситуација.

Сите пет Топ-5 гола можете да ги погледнете на ТУКА.