Цепелинот „Лазаров“ во топ 5 моменти на првото коло на Мундијалот (ВИДЕО)

Првото коло на Светското првенство во Германија и во Данска донесе интересни натпревари на кои имаше добар ракомет, но и изненадувања. На овие средби имаше неколку интересни потези кои секако го привлекоа вниманието.

Меѓу петте потези кои секако останаа во центарот е и цепелинот „Лазаров“ во кој браќата Кирил и Филип покажаа дека можат да соработуваат и да донесат погодоци после одлично проигрување.

Во топ 5 имаше место и за голманот на Франција, Винсент Жерард кој имаше двојна одбрана против Бразил, Пабло Симонет од Аргентина, Тимур Дибиров од Русија и Драшко Ненадиќ од Србија.

Каков е распоредот на петте најдобри потези можете да видите во видеото во продолжение.