Целје ја продолжи доминацијата во Словенија

Ракометарите на Целје шести пат по ред се шампиони на Словенија. Тие ја продолжуваат доминацијата во домашниот шампионат и на две кола пред крајот на првенството ја прославија новата титула.

Со победата во осмото коло од плеј-офот против Рибница на домашен терен, Целје веќе не може да биде достигнат од најблискиот конкурент Горење Велење. Целје имаше многу проблеми во текот на сезоната против Рибница, тимот кој им одзема најмногу бодови. Сепак во клучниот натпревар целјани остварија сигурна победа 28:24 за нов трофеј.

Иако сезонава екипата на Целје имаше неколку неочекувани киксови на крајот не дозволи изненадување и ја одбрани титулата. Ова е вкупно 23-та титула на Целје во првенството на Словенија. Зад нив повторно остана најголемиот ривал Горење Велење, а Рибница е на третото место.