Цела сезона не игра ракомет, а се најде во ТОП 5 голмани на сите времиња во СЕХА! (ФОТО)

Поранешниот голман на Вардар, Страхиња Милиќ, кој од почетокот на оваа сезона не е повеќе член на македонскиот првак, се уште се наоѓа во статистичките категории на регионалната СЕХА лига.

Иако цела година е без клуб, сепак неговото остварување во ова натпреварување не беше надминато. Српскиот голман во историја на СЕХА има одбрането вкупно 474 удари, а тоа е доволно за ТОП 5.

На првата позиција се најде голманот на Мешков Брест, Иван Пешиќ, кој во осум сезони запрел 650 удари на противниците и тешко дека некој во блиска иднина ќе го стигне овој рекорд.