Хрватскиот првак го препозна квалитетот: Ненад Костески потпиша за Загреб!

Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Ненад Костески, од следната сезона ќе ги брани боите на хрватскиот и поранешен европски шампион Загреб!

Ракометарот на Струга, кој настапуваше и за Металург 2 во претходната сезона, пружа одлични партии на клупско и репрезентативно ниво, па тоа не остана незабележано од страна на Бранко Тамше и раководството на Загреб.

Костески се најде на претходниот список на селекторот на сениорите, Данило Брестовац, па наскоро ќе очекува деби и во сениорскиот национален тим.

Тој ја продолжува низата на македонски ракометари што играле во Загреб како Кире Лазаров, Митко Стоилов, Бранко Ангеловски, Иван Марковски, Лазо Мајнов, Велко Маркоски, Александар Јовиќ…