Хрватска лесно се справи со Швајцарија, и останатите фаворити стигнаа до победи

Хрватска ја оправда улогата на фаворит на гостувањето во Швајцарија. Во 5. коло од квалификациите за Европското првенство Хрватите остварија сигурна победа 28:33. Натпреварот беше израмнет до 8-8, а тогаш Хрватска го презема водството. До полувремето ја одржуваа предноста и заминаа на одмор со добра предност 13:17.

Швајцарија во продолжението немаше шанси против добро организираниот противник. Лесно со сигурни реализации на нападите Хрватска стигна и до највисоки шест предност, 24:30. До крајот одработе рутински за нови бодови на своето конто.

Во останатите натпревари Чешка славеше на гостувњето  во Финска, а исто така и Данска оствари триумф во Украина. Унгарија на госрувањето во Словачка забележа минимална победа.

Квалификации за ЕП, Резултати, 5. коло 

Финска – Чешка 24:26 (12:17)
Словачка – Унгарија 20:21 (8:9)
Украина – Данска 30:33 (15:14)
Швајцарија – Хрватска 28:33 (13:17)