Хајнефетер не останува должен никому, се обиде да удри противнички играч во глава (ВИДЕО)

Голманот на Фуксе Берлин, кој е и репрезентативец на Германија, Силвио Хајнефетер е познат по својата бунтовност на теренот.

На средбата против Порто уште еднаш покажа дека на никого не му останува должен. Дури и кога противникот не  е така виновен за да заслужи удар, сепак, Хајнефетер се обиде да расчисти некои сметки.

Тој откако падна на подот се обиде со нозе да стигне дури до главата на противникот и да зададе удар. Како изгледаше ситуацијата можете да видите во видеото во продолжение.