Французин ќе му биде конкурент на Талески: Нант и Рајн Некар сè поблиску до договор за Лагард

Познато е дека извесен период двете екипи се во преговори околу трансферот на Лагард во Рајн Некар. Нант бара поголем износ за да го ослободи играчот една година порано, но се чини дека само е прашање на време кога ќе биде потврден трансферот.

Според францускиот Л`екип двете страни постигнале договор околу трансферот. Првично Рајн Некар понуди 150.000 евра на Нант за да го ослободи Роман Лагард. Откако понудата беше одбиена „лавовите“ ја зголемија понудата и преговорите завршиле со договор за трансфер за износ од 260.000 евра.

Лагард имаше потпишано договор со Рајн Некар од 2020 година, но управата на клубот реши да го донесе играчот една година порано. Ова е најдобрата опција за сите бидејќи и желбата на играчот беше да се приклучи на бундеслигашот од наредната сезона.