Франција: Ќе се војува за влез во Лигата на шампиони до самиот крај

23. Kоло беше едно од најинтересните сезонава во најсилната лига на Франција. Веќе одамна започна да се решава разврската околу тоа кои екипи ќе се натпреваруваат во Лигата на шампионите, а кои во Купот на ЕХФ следната сезона. Нант и Лазаров уште еднаш се лизнаа и им овозможија на конкурентите за влез во најелитното европско натпреварување да се борат до крајот.

Екипата на ПСЖ по освојувањето на титулата стана Робин Худ за помалите екипи. Тимот предводен од Раул Гонзалез го отвори 23. коло со пораз од Сен Рафаел. Шампионот играше во порелаксирано темпо и му овозможи на мотивираниот противник да обезбеди трет триумф во серија. Средбата заврши со резултат 33:31, а најдобри на теренот беа Рафаел Кошето со 14 гола и голманот Михaел Попеску со 15 интервенции. Кај парижаните, Недим Ремили даде седум гола.

Шамбери му се заканува на Нант. Во 23. коло тие го совладаа Данкерк со 30:24 и бодовно се изедначија со европскиот вицепрвак кој загуби од Екс aн Прованс со 29:28. Победата на гости беше лесно остварена со целосна доминација и предност. Јоханес Мареско и Фахрудин Мелиќ со по пет гола беа пресудни за победата.

Колото завршува денеска со натпреварот помеѓу Ним и Монпелје.

РЕЗУЛТАТИ:

Сен Рафаел – ПСЖ 33:31 (15:15)
Данкерк – Шамбери 24:30 (14:17)
Нант – Екс 28:29 (15:13)
Понто Комбо – Рен 28:22 (13:11)
Тулуз – Истр 26:28 (11:12)
Трембле – Иври 28:27 (12:15)

Табела: 1. ПСЖ 43 (+161), 2. Монпелје 35 (+57, – 1. меч), 3. Нант 35 (+76), 4. Шамбери 35 (+72), 5. Ним 34 (+40 ,-1. меч)…