Франција: ПСЖ и Нант се наметнуваат како главни фаворити за титулата

Немаше поголеми изненадувања во натпреварите од 12 коло во францускиот шампионат, фаворитите однесоа победи, додека Иври и Трембле одиграа нерешено.

Екипата на Иври ќе се бори за опстанок оваа сезона. За овој тим, секој бод е злато вреден, а во ова коло тие се соочија на домашен терен со Трембле. Дуелот заврши 28:28, а сите 60 минути мечот се играше гол за гол, за на крај овие два тима да ги поделат бодовите. Сега Иври има пет поени и еден бод над зоната за испаѓање. Трембле е на седмата позиција.

Уште еден неизвесен дуел имаа Понто Комбо и Данкерк. Понто Комбо, еден од тимовите кои се бори за опстанок забележа многу важни два поени и го доби дуелот со 28:27. Натпреварот течеше доста израмнето. Ни еден од двата тима не беше убедливо подобар, а последните три минути донесоа голема драма, но и голманите се истакнаа со што на семафорот остана истиот резултат како во 57. минута (28:27).

РЕЗУЛТАТИ:

Истр – Тулуз 22:27 (11:15)

Ним – Нант 25:30 (16:16)

Рен – Екс 21:28 (11:13)

Иври – Трембле 28:28 (17:16)

Понто Комбо – Данкерк 28:27 (15:17).

ПСЖ – Шамбери 26:22 (14:11).

Табела: 1. Нант 22 (+44), 2. ПСЖ 21 (+73, – 1. меч), 3. Шамбери 19 (+26), 4. Ним 19 (+21)…