Франција не дозволи ново изненадување, Израел му се одмазди на Косово

Репрезентацијата на Франција не дозволи нова бламажа во квалификациите за Европското првенство. Во реваншот против Португалија тие го совладаа овој противник со 33:24 и додатно ги зголемија шансите за пласман на ЕП. Израелм пак, го совлада Косово и се искачи на втората позиција во својата група.

Португалија успеа да ја изненади Франција на свој терен, но овој пат не можеше да дојде до истиот подвиг. Репрезентацијата од Пиринеите се носеше со фаворизираниот противник само во првиот дел кој го загубија 16:15. Во вториот дел „експертите“ го засилија ритамот и убедливо славеа.

Израел убедливо го совлада Косово. Репрезентацијата предводена од Пер Карлен успешно се избори со неславниот противник и им врати за неодамнешниот пораз. Победата од 30:24 значи дека Израел е сега втор во својата група со четири бода помалку од Германија и два повеќе од Полска.