(ФОТОГАЛЕРИЈА) Лошо тргнаа, добро завршија: Пелистер со полн плен кај Вардар Јуниор

Ракометарите на Пелистер за првпат оваа сезона врзаа две победи во Суперлигата. По лошите изданија против Еурофарм Работник во градското дерби и на гости кај Бутел, битолчани се вратија на победничките патеки против Борец минатото коло, а вечерва потешко од очекувањата славеа и над Вардар Јуниор со 30-34. Битолчани почнаа лошо, имаа негатива во подолемиот дел од натпреварот, но сепак во последните петнаесетина минути го скршија отпорот на жилавиот домаќин и ги однесоа трите бода во Скопје.

Најинтересните моменти од натпреварот можете да ги погледнете преку објективот на 24Ракомет.

ФОТО:СЛОБОДАН ЃУРИЌ