Филип Талески: Не смееме да брзаме во напад против Хрватска

Левиот бек на Македонија, Филип Талески се разигра во финишот од средбата. Тој немаше гол 40 минути, а потоа набрзина дојде до три гола од кои два беа кога голот беше празен. Не се согласи со констатацијата дека денешниот триумф бил рутински и вели дека и Бахреин и Јапонија се репрезентации со квалитет на ниво.

„И двете селекции се доста квалитетни. Одигравме максимално во одбрана каде го добивме натпреварот. Во напад имавме избрзани шутеви и ако продолжиме така нема да имаме многу шанси на клучните три средби до крајот на првенството“, изјави Талески.

Тој вели дека знаат што ги очекуа до крајот и дека се свесни дека утрешниот меч против Хрватска може да биде клучен за висок пласман.

„Научени сме на ваков турнирски ситем. Сите сме подготвени и знаеме дека утрешниот меч е клучен за нас. Имаме помалку од еден ден за подготовка. Ќе го искористмме времето за одмор и за добра подготовка на она што не очекува“, коментираше Талески.

Со оглед на тоа што денеска стигна до три гола за утре се очекува да биде на уште повисоко ниво.