Филип Талески: Да ни понудеа три бода пред дуелите со Исланд ќе ги прифатевме со задоволство

Левиот бек на Македонија, Филип Талески одигра два добри натпревари против Исланд. Тој успеа да издржи два долги меча што секако беа добредојдени за него, а покажа дека може да биде максимално опасен за противникот.

После ремито денеска тој вели дека ништо не е сигурно и дека мора да се одигра добро и во јуни и на двете средби ако се сака пласман на шампионатот во Австрија, Шведска и Норвешка.

„Можеби Европското првенство и не ни е уште во џеб поради тоа што сите групи играат добро. Со два порази во завршната фаза ќе биде лошо за нас. Играме добро и можеме да бидеме задоволни. И претседателот на РФМ дојде во соблекувалната кај нас и кажа дека да ни понудеше некој три бода со Исланд пред почетокот ќе ги прифатевме со задоволство. Одигравме како што одигравме на овој дуел. На првиот меч бевме одлични во напад, но се мачевме во одбрана. За разлика од Исланд денеска го имавме Борко кој бранеше одлично и штета што не го наградивме тоа со победа. Сепак, што е тука е. Одиме напред. Со две победи ќе бидеме први во група и тоа ќе значи многу за нас бидејќи така ќе можеме да дојдеме до полесни противници во групната фаза на Европското првенство“, изјави Талески.

Тој рече дека долгиот пат до Исланд и назад не е оправдување и дека на овој меч нападот бил тој кој не успеал да го добие мечот.

„Немавме доволно време за подготовки. Имавме 15-16 саати пат. Можеби тоа придонесе да сме поуморни. Не треба да се вадиме. Денеска натпреварот го загубивме во напад. Не загубивме резултатски бидејќи завршивме со реми, но требаше да победиме на овој дуел“, коментираше Талески.

Тој на првиот меч во Рејкјавик тој постигна пет гола, а денеска мечот го заврши со четири погодоци.