Филип Лазаров: Не го одигравме натпреварот како што треба

Македонија претрпе уште еден пораз против селекцијата на Хрватска. Овој пат резултатот е 22:31, а дефинитивно на теренот имаше премногу грешки. Во моментите кога мораше да се одигра далеку подобро немаше концентрација, па на крајот резултатот не беше добар.

Филип Лазаров после натпреварот имаше свое видување за она што беше одиграно.

„Бевме во игра до 50. минута, но не го одигравме овој натпревар како треба. Не исполнивме многу лесни задачи. Промашувавме зицери, имавме многу грешки. Моравме да бидеме перфектни за да можеме да се надеваме на позитивен резултат. Тие го одработија тоа што се договориле и покажаа дека се поквалитетни од нас. Ние тоа што требаше не го исполнивме, но ова е само еден натпревар и првенството оди понатаму. Нашата цел е пласман во Втората фаза и ќе се обидеме да го оствариме тоа“, коментираше Филип Лазаров.

После овој натпревар ракометарите ќе имаат одмор до среда во 20:30 часот кога следува дуел со Шпанија.