Кузмановски му кажа благодарам на Металург, но…

Во текот на вчерашниот ден, сега веќе екс-капитенот на Металург, Филип Кузмановски беше во центарот на вниманието на македонската ракометна јавност и го привлече сето внимание. Тој во неколку часа спогодбено го раскина договорот со Металург, а потоа експресно го стави потписот на договорот со тимот на Е. Работник.

Со ова беше ставен крај на една сага која траеше извесно време, за која толку многу се зборуваше и за која смо се очекуваше потврда дека ќе заврши така како што заврши вчера.

Кузмановски после завршувањето на формалностите околу договорот со новиот клуб се обрати до јавноста преку својот Инстаграм профил и таму напиша порака.

„Ви благодарам за добрите години, но време е за нови предизвици“.

Како што е познато тој ќе го носи дресот на Е. Работник до крајот на оваа сезона, а потоа се сели во редовите на Магдебург и ќе ја продолжи кариерата во Бундес-лигата.