Ракометарот на Еурофарм Работник, Фарук Мемиќ, успешно го оперира менискусот на коленото во градската болница во Скопје и ќе биде надвор од ракометните терени во следниот период.
Тој е важен дел од одбраната на битолскиот клуб, но би требало да се врати на почетокот на јануари и да ги започне подготовките со тимот за пролетната полусезона.
Операцијата поминала добро, тој добро се чувствува и за брзо ќе започне со процесот на рехабилирација. Мемиќ ќе ги пропушти дуелите од Суперлигата против Струга и Бутел Скопје.
Подготовките за пролетната полусезона на Еурофарм Работник стартуваат на 4 јануари следната година, многу порано од другите суперлигаши поради настапот во Купот на ЕХФ.