Фаворитите за трофејот излагаат на терен на Супер Глоуб

Ракометарите на Вардар ќе бидат последните од учесниците на Супер Глоуб кои денеска првпат ќе се појават во Дамам со оглед на тоа што играат во последниот термин од четврт-финалето и тоа против екипа која вчера се бореше за место во четврт-финалето.

Ал Мудар од Саудиска Арабија е тимот против кој ќе треба „црвено-црните“ да се борат за пласманот во полуфиналето, а и покрај целата ситуација која владееше со патешествието до Дамам, Вардар ќе биде фаворит на овој натпревар.

За Вардар важен ќе биде и мечот меѓу Замалек и Кил бидејќи ќе го даде следниот ривал на турнирот. Победниците од двете средби ќе играат утре во второто полуфинале на шампионатот.

СУПЕР ГЛОУБ

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

11:15ч

АЛ ВЕДА – ТАУБАТЕ

13:30ч

ЗАМАЛЕК – КИЛ

16:20ч

БАРСЕЛОНА – АЛ ДУХАИЛ

19:00ч

ВАРДАР – АЛ МУДАР