Уште еден тренер на семинар за мастер лиценца (ФОТО)

Стратегот кој во минатата сезона ја водеше екипата на Металург 2 и со неа успеа да дојде до пласман во Супер машката лига, Раде Стојановиќ е следниот тренер кој може да дојде до мастер лиценца со што бројката ќе продолжи да се зголемува.

Стојановиќ е во Романија каде што е на семинар така што ќе се најде на списокот на кој веќе има повеќе од десет тренери со ваква лиценца за тренерска работа. Тој е на семинарот заедно со уште десетина тренери од неколку земји и ова е секако напредок за него бидејќи покрај клупската работа тој ќе биде дел и од работата со младинските селекции односно во генерацијата 2004.