Утревечер јуниорите на прв тест против Црна Гора

Членовите на репрезентацијата на Македонија до 20 години веќе неколку дена тренираат во Маврово каде ја креваат формата пред ЕХФ шампионатот. Во Маврово нашите избраници ќе ги проверат и силите со репрезентацијата на Црна Гора со што ќе ги усовршат своите тактики и техники со кои ќе им се спротистават на противниците.

Како што е веќе познато нашите репрезентативци во Маврово ќе одиграат два натпревари против Црна Гора, а првиот е веќе утре од 19 часот, а вториот тест натпревар е закажан за в петок. Овие два натпревари ќе бидат увертира за главните натпревари на првенствено, а подоцна ако работите одат според планот и во полуфиналето.

После овие два натпревари Македонија се враќа во Скопје, а на 20 јули ќе ги почне натпреварите од ЕХФ шампионатот. Македонија е во група со селекциите на: Италија, Швајцарија, Велика Британија и Украина. Првиот меч е на 20 јули од 20 часот против Велика Британија.