Триколорите ја бранат круната: Може ли Франција без Никола Карабатиќ?

Денеска од 20:30 часот селекцијата на Франција почнува со одбрана на титулата освоена прд две години на домашен терен, а прв противник е составот на Бразил. Првпат после 2003 година репрезентацијата на Франција ќе почне едно големо меѓународно натпреварување без својот најдобар ракометар, Никола Карабатиќ. Ова е отсуство кое би требало да делува на составот, но очигледно дека нема да биде толку страшно.

Последен пат кога Никола Карабатиќ не беше во тимот на првиот меч на големо натпреварување со тимот на Франција беше пред повеќе од 15 години. Од Светскиот шампионат во Португалија во 2003 година, незаменливиот и секогаш прва опција централен бек нема пропуштено големо натпреварување. Сепак, на Мундијалот во Данска и Германија тоа не е така бидејќи Карабатиќ не е во тимот. Повредата на стaпалото кое мораше да биде оперирано во октомври го оддалечи од терените четири до шест месеци.

Никола е отсутен и нормално е тоа да влијае на нас. Репрезентацијата на Франција е ослабена со оглед на тоа што се работи за клучен играч. Французите мора да се навикнат на „живот без него“ на оваа првенство.

Што најмногу ќе им недостасига во тимот со неговото не играње?

Неговото лидерство во тешките моменти на екипата. Секогаш кога е напад за одлука на мечот или кога е потребна цврстина во одбраната, тука е Никола, секогаш е на теренот. Овој пат Дидие Динар мора да се обиде да пронајде соодветна замена.

Какви промени во начинот и стилот на игра ќе донесе отсуството на Никола Карабатиќ во репрезентацијата на Франција ќе имаме можност да видиме веќе денеска. Во првото коло на Мундијалот, Французите ќе се сретнат со репрезентацијата на Бразил од 20:30 часот.