Тренер од Металург ќе го води Охрид во новата сезона

Екипата на Охрид која беше пласирана на првото место во плеј-аут лигата во сезоната која финишираше пред нешто повеќе од две недели во новата сезона ќе има нов тренер. Охриѓани се договорија со стратегот на Металург, кој успеа да го внесе Металург 2 во Супер лигата и тоа како првопласиран. Изборот падна на Раде Стојановиќ и тој својата кариера ја продолжува во Охрид.

Во последниот период имаше неколку екипи кои се поврзуваа со Стојановиќ, но Охрид се чини ја имаше најдобрата понуда и тој во новата сезона ќе има нова екипа и ќе се натпреварува во Супер лигата. Целта е Охрид да дојде одново до место во плеј-офот.

Охриѓани во последната сезона имаа и многу изменет тим во однос на претходните шампионати, но до последен момент беа во битка за плеј-оф. Откако не успеаја мораа во плеј-аутот каде единствена конкуренција имаа во стружани. Инаку, Стојановиќ доаѓа во клубот на местото на Горан Андоновски, кој веќе неколку години е предводник на екипата.

Раде Стојановиќ е на семинар во Романија каде што ќе стане уште еден тренер од Македонија со Мастер тренерска лиценца што значи дека бројката и понатаму се зголемува.