Трампа во јануари: Шего во Веспрем, Миклер во ПИК Сегед

Она што деновиве се најавуваше, стана и официјално. Унгарскиот репрезентативен голман, Роланд Миклер од следната сезона ќе настапува за шампионот ПИК Сегед, што практично ќе биде негово враќање во клубот каде се прослав.

Миклер се договори за тригодишна соработка, а тој трансфер ќе влијае и на заминувањето на Хрватот Марин Шего, чиј договор со ПИК Сегед истекува на лето. Како што стојат работите, тој ќе премине во големиот ривал Веспрем.

Постои можност ваквата рокада да се случи уште во јануари, а тоа што е сигурно е дека Миклер заминува, откако изрази големо незадоволство по доаѓањето на Арпад Штербик, бидејќи не е веќе во прв план во Веспрем.

Миклер потекнува од составот на Дунафер, четири сезони мина во ПИК Сегед, а ја игра четвртата и во Веспрем. Шего, пак, потекнува од Извиѓач, играше за хрватските Перутнина ПИПО и Загреб, а беше дел и од Висла Плоцк и Келце.