ТОП 5 стрелци на сите времиња: Кристопанс и Дибиров заедно постигнаа 1067 голови! (ФОТО)

Десниот бек на Вардар Даинис Кристопанс и левото крило Тимур Дибиров се наоѓаат во ТОП 5 вечната листа на стрелци во регионалната СЕХА лига.

Кристопанс се наоѓа на втората позиција со постигнати 630 голови во дресовите на Татран, Мешков и Вардар, додека на четвртата позиција е Дибиров со 437 погодоци.

Прв е капитенот на Загреб, Златко Хорват кој досега има дадено 640 голови.