Тимур Дибиров: Со екипите чиј тренер е Веселин Вујовиќ секогаш играме мотивирано

Левото крило на екипата на Вардар, Тимур Дибиров очекува уште еден добар натпревар на екипата и верува дека против Железничар ќе биде прикажана подобра игра.

Вардар е фаворит на овој натпревар, а тој добива една поинаква димензија поради фактот што на тренерската позиција во тимот од Ниш се наоѓа екс-тренерот на вардарци, Веселин Вујовиќ.

„Секогаш кога во Скопје доаѓа екипа која е предводена од Веселин Вујовиќ знаеме дека не очекува интересна средба. На тие дуели ние влегуваме максимално мотивирано и сакаме да одработиме најдобро што може. Веќе одигравме една средба против Металург и сметам дека треба да одиме чекор по чекор. Oчекуваме добар натпревар и сакаме да го покажеме најдоброто од нас на овој натпревар. Нема да се залетуваме, но ќе се обидеме да покажеме добра игра и да демонстрираме напредок во нашата форма. Секако сакаме да одиграме и натпревар во кој ќе имаме стандардна игра во текот на сите 60 минути“, изјави Дибиров на денешниот прес.

Средбата која се игра утревечер ви требало да донесе многу подобра игра од „црвено-црните“ во однос на првиот меч одигран минатата среда против Металург, па останува тоа да се покаже и на теренот.