Татран потпиша договор со најдобриот стрелец во словачкото првенство

Словачкиот шампион донесе уште едно засилување за следната сезона. Младиот 20-годишен талентиран ракометар со потекло од Романија, а израснат во Шпанија, Рарес Маријан Фодореан потпиша две годишен договор со Татран Прешов.

Леворакиот ракометар во Татран пристигнува од екипата на ХКМ Шала од словачкото првенство. Фодореан е висок 202 сантиметри и ја покрив десната бековска позиција. Тој пристигнал во Шпанија на пет години и младинските категории ги поминал во клубот Алмозара. Во 2016 година, половина сезона настапувал за Потаиса Турда во Романија од каде се преселил во шпанското првенство во Хуеска. По две години поминати во Хуеска, минатата сезона премина во екипата на Шала.

Сезонава Фодореан има постигнато 88 голови во 28 натпревари во словачкото првенство. Во Татран имаат големи очекувања од него, а тоа го потврди генералниот менаџер, Мирослав Беницки во неговата изјава:

‚‚Фодореан доаѓа во Татран како голем потенцијал кој со помош на остантатите играчи треба  многу да напредува. Тој треба да го следи примерот на Роман Чарапкин кој како младо момче пристигна од Чехов и значително напредуваше. Се разбира треба да работи напорно на себе. Бројот на натпревари кои ги играме во сезоната дава простор за Фодореан да има можност да ги подобри своите квалитети и ракометни вештини‘‘.