Тасески: Фокусирани сме на Струга како да е почеток, а не крај на првенство

Тимовите на Струга и Охрид денеска ќе го одиграат езерското дерби, кое сезонава ќе го има своето четвртто издание. Стружани како домаќини ќе се обидат да дојдат до позитивен резултат во трката за меѓусебен престиж, но речиси сосема извесно е дека без разлика на резултатот охриѓани ќе финишираат како првопласирани во плеј-аутот.

Пивотменот на гостите, Иван Тасески вели дека тој и соиграчите се фокусирани на натпреварот, како да е почеток на првенство.

„Иако е без резултатско значење, двете екипи имаме обезбедено опстанок, фокусирани сме како да е почеток на првенството, а не крај. Одиме со сите сили и се надевам дека ќе ги освоиме првите гостинските во Струга. Сигурен сум дека салата ќе биде исполнета до последното место и среќен сум што овој натпревар не е само езерско дерби, туку ќе има и хуманитарен карактер. Навивачките групи ќе му дадат дополнителен шмек на овој дуел“, вели Тасески за 24Ракомет.

Натпреварот меѓу Струга и Охрид ќе се игра од 18:00 часот во СЦ „Тими“.