Талески со рецептот на Лазаров, го измести голманот на Турците (ВИДЕО)

Филип Талески можеби не игра доволно во редовите на Рајн Некар, но покажува дека искуството од Бундес лигата може да биде драгоцено за вака тешки средби во кои еден гол решава многу. Тој ја заврши средбата со пет гола и беше меѓу поефикасните, но дефинитивно голот со кој практично почна враќањето на Македонија во средбата останува да се погледне неколкупати.

Се работи за контра во која тој реализираше и тоа во стилот на капитенот Кирил Лазаров. Талески имаше одлична завршница и во 45. минута намали на два гола со што почна враќањето на Македонија во средбата. Погледнете како изгледа кога Талески реализира во стилот на капитенот.