Талески се раздели со Рајн Некар, но останува во Бундес лигата

Репрезентативецот на Македонија, Филип Талески од денеска и официјално повеќе не е ракометар на Рајн Некар. Тој си заминува од клубот со кој имаше договор до летото во 2021 година, а неговата следна дестинација ќе биде клуб од Бундес лигата.

Талески се одлучи да оди по патот на неговиот лански клупски колега од Црна Гора, Владан Липовина, па кариерата ќе ја продолжи во редовите на Балинген. Се работи за екипа која лани го освои првото место во 2. Бундес лига, а сезонава влага со амбиции да биде во горниот дел од табелата.

Филип ќе биде засилување и за бековската линија и за одбраната, а договорот со тимот на Балинген е за оваа сезона. Се очекува конечно да ја добие посакуваната минутажа и да докаже дека Рајн Некар погреши што не му даде многу повеќе шанса.