Талески им недостига на фановите на Рајн Некар, доби огромен аплауз на враќањето во САП Арена (ФОТО/ВИДЕО)

Ракометарот кој пред почетокот на сезоната ги смени боите и од Рајн Некар се пресели во Балинген, Филип Талески синоќа се врати на местото каде што играше во минатите сезони. Тој се појави во САП Арена, но во дрес на друга екипа и доби огромен аплауз од трибините.

Иако новиот тренер не го планираше во тимот, сепак, навивачите на Рајн Некар не го заборавија.

Пред почетокот на средбата му овозможија вистински дочек како што заслужуваат само оние кои оставиле убав впечаток со игрите во клубот.

Од она што може да се види и да се заклучи од аплаузите, Филип Талески им недостига на навивачите на Рајн Некар.