Талески има „специјална“ мотивација за Хрватска – дојдоа сопругата и ќеркичката (ФОТО)

По двете воведни победа на Мундијалот во Германија и Данска над Јапонија и Бахреин, македонската репрезентација ќе се соочи со Хрватска во третото коло.

Левиот бек Филип Талески ќе има мотивација плус за вечерашниот натпревар против „каубоите“, бидејќи во Минхен дојдоа неговата сопруга Ена и ќеркичката Софија.

„Мојата најголема мотивација“, напиша Талески на социјалните мрежи.

Натпреварот против Хрватска се игра вечерва во „Олимпијахале“ во Минхен со почеток во 18:00 часот.