Талески без гол, но Рајн Некар лесно го реши Гепинген

Екипата на Рајн Некар Левен немаше поголеми потешкотии на средбта против Гепинген во рамки на 31. коло од Бундес лигата. Тимот од Мајнхајм имаше едно неуспешно полувреме за нивни стандард, но во вториот дел за краток период се издигна и славеше со 33:27.

Талески не се запиша во листата на стрелците, но затоа еден од најискусните во редовите на „лавовите“, Енди Шмид го урна противникот со 11 погодоци. Почетокот донесе мало изненадување бидејќи Гепинген се носеше солидно, па на моменти имаше и водство кое го задржа и на полувреме кога имаше предност од 17:15.

Истата предност му овозможи на Гепинген да се носи во вториот дел со противникот, но само десетина минути. Последните 20 целосно му припаднаа на Рајн Некар Левен кој не само што направи пресврт туку успеа и очекувано убедливо да ја однесе победата.

Рајн Некар Левен во следното коло му гостува на Фуксе Берлин кој се бори за влез во Купот на ЕХФ. Шансите за „лавовите од Манхајм“ се мали за повторно да се најдат во Лигата на шампионите, но надежта последна умира.