Супер машка лига: И 2. коло тргнува од Автокоманда, најборбените имаат пресметка

Исто како премиерното коло во новата сезона од Супер машката лига и второто ќе стартува од Автокоманда, а на теренот ќе се најдат Металург 2 и Пролет 62.

Според многу оценки тоа се двете екипи кои покажаа најборбена игра на првите средби и демонстрираа како треба да се бранат боите и на натпревар од домашното првенство.

Металург 2  и на првиот меч беше домаќин, но играше против составот на Металург и немаше можност да дојде до подобар резултат. Пролет, пак, на домашен терен го совлада Охрид и сега ќе се обиде уште еднаш да дојде до триумф и да остане на максимум после два дена.

Оттаму најборбените денеска ќе се судрат во „Автокоманда“ и ова ќе биде навистина интересна средба.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, 2. КОЛО

ПЕТОК, 13 СЕПТЕМВРИ

19:45ч

МЕТАЛУРГ 2 – ПРОЛЕТ 62

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

САБОТА, 14 СЕПТЕМВРИ

18:00ч

МЕТАЛУРГ – ВАРДАР ЈУНИОР

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

19:00ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – РАДОВИШ

Сала: Антон Димитров во Скопје. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

СТРУГА – ПЕЛИСТЕР

Сала: „Тими“ во Струга. Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

ОХРИД – РАБОТНИЧКИ

Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ТАБЕЛА: 1. Металург 3 бода (37:30); 2. Радовиш 3 (32:28); 3. Бутел Скопје 3 (26:24), 4. Пролет 3 (21:19); 5. Струга 1 (25:25); 5. Работнички 1 (25:25); 7. Пелистер 0 (24:26); 8. Охрид 0 (19:21); 9. Вардар јуниор 0 (28:32); 10. Металург 2 – 0 (30:37).