Супер машка лига: Денеска и утре две пресметки меѓу Скопје и Битола

Новиот викенд во Супер машката лига носи четири средби со оглед на тоа што дуелот меѓу Борец и Пролет е одложен за в среда бидејќи екипата од Скопје игра натпревари од Купот на ЕХФ. Се работи за интересни дуели каде се очекува да има неизвесност.

Единствениот меч во кој предвреме има фаворит е Струга-Прилеп, додека на другите пресметки нема изразит фаворит во таков голем процент како што е ситуацијата во Струга каде домаќинот е во предност.

Можеби утревечер Еурофарм Работник треба да биде во предност во однос на Бутел Скопје, но играњето во новата сала за домашните ќе биде секако причина да се влезе со огромен мотив во натпреварот и сигурно ќе се даде максимум на тој дуел.

Денеска, пак, во Скопје и во Радовиш се чекаат неизвесни пресметки. Вардар јуниор има шест бода исто како и Пелистер и ова ќе биде пресметка на која ќе се види која екипа ќе биде во подобра позиција после ова коло. Домашниот терен може да биде предност, но сосема јасно е дека Пелистер ќе сака три бода на овој дуел во Скопје и нема право на нови грешки.

Што се однесува до средбата која ќе се игра во Радовиш таму ќе се види на дело кој тим е во подобра форма. Радовишани знаат да бидат цврсти дома, но охриѓани демонстрираа квалитет од почетокот на сезоната и јасно е дека ова ќе биде интересен натпревар во кој нијанси ќе одлучат за победникот.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО

САБОТА, 13.10.2018

18:00ч

ВАРДАР ЈУНИОР – ПЕЛИСТЕР

Сала: СЦ „Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

СТРУГА – ПРИЛЕП

Сала: „Тими“ во Струга. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

19:00Ч

РАДОВИШ – ОХРИД 2013

Сала: СРЦ „25 Мај“ во Радовиш. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Благој Петров од Велес.

НЕДЕЛА, 14.10.2018

19:30ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

СРЕДА, 17.10.2018

19:00ч

БОРЕЦ – ПРОЛЕТ 62

Сала: „Гемиџии“ во Велес. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

ТАБЕЛА: 1. Еурофарм Р. 12 бода (128:87); 2. Охрид 9 (123:99); 3. Бутел Скопје 9 (106:92); 4. Струга 9 (112:112), 5. Пелистер 6 (116:115); 6. Вардар јуниор 6 (113:128); 7. Пролет 3 (100:104); 8. Радовиш 3 (130:136); 9. Прилеп 3 (104:115); 10. Борец 0 (95:139).