Супер машка лига: Две дерби средби на стартот во Скопје и во Битола

Денеска беа одредени двојките за 1. коло од Супер машката лига, па веќе е јасно кои се двојките за 1. коло и како ќе стартува новата сезона од домашниот шампионат.

Ждрепката донесе две дерби средби уште на стартот. Пролет ќе биде домаќин на тимот на Охрид, додека Пелистер ќе го пречека составот на Бутел Скопје. На почеток ќе биде интересно и на двобојот меѓу Работнички и Струга односно две екипи кои во последните две сезони се пласираа во Супер машката лига преку баражот.

Првото коло донесе и двобој меѓу Радовиш и Вардар јуниор како и пресметка меѓу двете екипи на Металург. Вториот тим ќе биде домаќин на првиот уште на стартот од сезоната.

Стартот е предвиден за 7 и 8 септември, додека финишот на есенскиот дел од сезоната ќе биде на 14 и 15 септември.

ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО

МЕТАЛУРГ 2 – МЕТАЛУРГ

ПРОЛЕТ – ОХРИД 2013

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА

ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ СКОПЈЕ

РАДОВИШ – ВАРДАР ЈУНИОР