Супер машка лига: Бутел Скопје и Пролет на дерби пресметка

Со одлуката тимот на Борец да остане дел од натпреварувањето во Супер машката лига викендов одново ќе има пет натпревари и тие ќе се одиграат главно денеска бидејќи за утре ќе остане само пресметката во Радовиш.

Дербито се игра во Бутел. Ривалите кои пред 15-20 години имаа големи пресметки во Првата лига сега како суперлигаши имаат потсетување на тие двобои кога имаше големо ривалство. Второпласираниот Бутел Скопје сака да продолжи со добрите игри на домашен терен, додека Пролет ќе се обиде да надомести и да остане во трка за место во плеј-офот. Бодовите се важни и за двете екипи и затоа ова ќе биде навистина силна пресметка.

Инаку, интересно ќе биде и меѓу Вардар јуниор и Охрид, додека тимовите од Битола важат за фаворити. Струга ќе се обиде да му парира на лидерот Еурофарм Работник, а ќе треба надминување на овој меч за да се случи изненадување. Пелистер не би требало да има проблеми во Велес, но затоа утре ќе има големо надигрување меѓу Радовиш и Прилеп.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 13. КОЛО

САБОТА, 08.12.2018

15:00ч

ВАРДАР ЈУНИОР – ОХРИД

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Благој Петров од Велес.

17:00ч

СТРУГА – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

Сала: „Тими“ во Струга. Судии: Глигор и Спаско Ќаеви од Скопје. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

18:30ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРОЛЕТ

Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

19:00ч

БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР

Сала: Гемиџии во Велес. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

НЕДЕЛА, 09.12.2018

18:00ч

РАДОВИШ – ПРИЛЕП

Сала: 25 Мај во Радовиш. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

ТАБЕЛА: 1. Еурофарм Работник 34 бода (403:266); 2. Бутел Скопје 27 (349:275); 3. Пелистер 23 (354:323); 4. Пролет 22 (350:310); 5. Охрид 21 (300:266); 6. Струга 19 (333:310); 7. Прилеп 10 (306:376); 8. Радовиш 9 (364:407); 9. Вардар јуниор 9 (297:364); 10. Борец 0 (252:411).