Карбеска и Илиева ќе делат правда на дуелот меѓу Унгарија и Австрија

Македонската судиска двојка, Силвана Карбеска и Марија Илиева, е делегирана од страна на Европската ракометна федерација на натпревар од баражите за пласман на Светското првенство во Јапонија.

Карбеска и Илиева, кои беа арбитри и во најелитното европско натпреварување – Лигата на шампионите, на 5 јуни ќе ја делат правдата на реваншот меѓу Унгарија и Австрија.

Овој натпревар ќе се игра во градот Залаегерсег, со почеток во 18:00, а домашната репрезентација е голем фаворит за пласман на Мундијалот во декември.