Стружани со три бода од „Јане Сандански“

Составот на Струга дојде до триумф на гостувањето во Скопје кај тимот на Вардар јуниор, но во меч во кој има рамноправен противник во голем дел од средбата.

Вардар јуниор се покажа во добро издание на свој терен, но не можеше и да го направи клучниот чекор за да има целосен пресврт во мечот и да дојде до повеќе.

Од почетокот имаше израмнета игра. Двете екипи сме сменија во водство, но на средина од првото полувреме гостите почнаа да прават разлика. Најголемата предност ја достигнаа при 13:8 и се чинеше дека тука веќе го имаат добиено мечот.

Откако на одмор резултатот беше 10:13 во продолжение домашните се доближија. Израмнија на 21:21, а потоа следуваше и водство за домашните. Сепак, откако дојдоа до 25:24 како да ги мотивираа стружани во финишот да влезат посилно и да дојдат до ново водство за на крајот да слават со 30:28.

Со ова не се смени ништо на табелата во плеј-аут лигата бидејќи стружани и со новите три бода останаа на 2. место додека Вардар јуниор се пласираше на 3. позиција.

ВАРДАР ЈУНИОР – СТРУГА        28:30 (10:13)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје. Гледачи: 50. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

ВАРДАР ЈУНИОР: Петковски, Ставровски, Јанковски, Чакалиќ 1, Кукуловски 6, Нанов, Карапалевски 1, Ќосевски 5, Анѓелковски, Гашовски, Крстевски 6, Трајковски, Анѓеловски, Ѓоргиев 5, Атанасовски 3, Цветановски 1.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 10 мин.

СТРУГА: Стојаноски, Мечкароски, Тутенкоски, Кузманоски 6, Крстаноски, Нацев, Тренчески 7, Цителишвили 1, Јанкуловски 2, Николиќ 4, Костески 7, Трајковски, Бајрамоски, Баркалоски 1, Дикаминџија 2.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 8 мин.