Струга тестира поранешни младински репрезентативци на Македонија

Тимот на Струга, кој денеска ќе го одигра вториот натпревар од групата против Еурофарм Работник, покрај четворицата интернационалци, тестира и двајца поранешни младински репрезентативци на Македонија.

Стратегот Илија Темелковски ги има на пробен период средниот бек Јован Талевски, кој до лани настапуваше во Турција, како и десното крило Пеце Рајатовски, кој лани беше член на косовската екипа Кастриоти.

Денеска Струга ќе се соочи со Еурофарм Работник, а екипата што ќе победи ќе игра во финалето на турнирот.