Струга и Пролет вечерва ќе се борат за пехарот на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп

После вчерашните полуфинални битки денеска на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп се играат натпреварите за пласман.

Програмата денеска е збогатена и со ревијални средби, па затоа ќе почне еден час порано од вчера и првиот меч во кој Прилеп и Ловќен ќе се борат за 3. место почнува од 17 часот.

По завршувањето на овој дуел ќе има ревијални натпревари кои ќе бидат вовед за финалето во кое ќе се сретнат две суперлигашки екипи. Струга и Пролет ќе се борат за трофејот и ова сигурно ќе биде интересна средба на која ќе има што да се види.

Финалето почнува од 20 часот и ќе биде навистина интересно да се види како новиот суперлигаш ќе се снајде на пресметката со тимот кој лани финишираше на 4. место во првенството.